„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од премиерот Заев по повод Денот на заштитниците на Струмица
Денеска мојата родна Струмица им оддава почит на своите заштитници Светите Петнаесет тивериополски маченици, кои ги положиле животите за христијанската вера.
Во градот во кој растев и кој растеше над десет години под мое раководство, струмичани им оддаваат почит на свештеномачениците, на неговите заштитници, кои се одраз на морално достоинство и вера во правда, добрина и љубов.
На 11 декември цела Струмица дише во духот на празникот. Историскиот запис нѐ потсетува дека нашиот град уште во четвртиот век станал центар на христијанството, а на токму на овој ден е силен духовен вруток во земјата и регионот.
На сите мои сограѓани им го честитам празникот на Струмица, а на сите православни верници големиот христијански празник.
Нека ни е честит големиот ден и нека ни е среќна, благословена и вековита нашата Струмица и нашата Република Северна Македонија!