fbpx

Признание за Црвен крст Струмица и годишна општинска награда за долгогодишниот крводарител Панче Николов

 Признание за Црвен крст Струмица и годишна општинска награда за долгогодишниот крводарител Панче Николов

Претседателот на Општинската организација на Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев, денес на свечената седница на Советот на општина Струмица по повод празникот на градот Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици го прими признанието од градоначалникот Коста Јаневски за особен придонес во борбата против пандемијата од Ковид-19.

Долгогодишниот крводарител, Панче Николов, кој досега дарувал крв над 120 пати и е најголем мотиватор за дарување на драгоцената течност, ја доби годишната општинска награда „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици-2020“ за особен придонес во областа на крводарителството и хуманоста.

Share via
Copy link