fbpx

По еден ден пауза Струмица пак со црна ковид статистика

 По еден ден пауза Струмица пак со црна ковид статистика

Во Струмица се регистрирани еден починат, 27 новозаразени и 22 оздравени од Ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 410-Куманово 54-Дебар 19-Штип 54-Прилеп 59-Тетово 58-Струга 25-Велес 55-Битола 75-Охрид 51-Кавадарци 55-Гостивар 38-Гевгелија 38-Струмица 27-Крива Паланка 10-Радовиш 14-Крушево 1-Кочани 28-Пробиштип 7-Демир Хисар 3-Македонски Брод 2-Пехчево 1-Берово 1-Валандово 5-Виница 2-Делчево 5-Кратово 3-Свети Николе 18-Кичево 12-Ресен 7-Неготино 24.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од:

-Скопје 295-Куманово 34-Дебар 4-Штип 20-Прилеп 49-Тетово 45-Струга 25-Велес 29-Битола 62-Охрид 33-Кавадарци 18-Гостивар 41-Гевгелија 15-Струмица 22-Крива Паланка 8-Радовиш 3-Крушево 3-Кочани 14-Пробиштип 7-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 1-Берово 9-Валандово 4-Виница 4-Кратово 1-Свети Николе 7-Кичево 14-Ресен 16 -Неготино 19.

Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72044, бројката на оздравени пациенти е 48170, на починати е 2077, а бројот на активни случаи изнесува 21797.

Share via
Copy link