fbpx

Проверете дали сте опфатени со најновиот сет мерки од Владата

 Проверете дали сте опфатени со најновиот сет мерки од Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.

Share via
Copy link