fbpx

Полициски билтен:физичка пресметка во Радовиш, контрола за неправилно престигнување

На 22 овој месец во времето од 08:00 до 16:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на прекршок неправилно престигнување и обиколување. Во акциската контрола биле констатирани 133 прекршока, од кои 22 по акциската контрола и 133 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Завчера во 17:30 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на улица „Плачковица“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помегу К.С. (51) и Н.С. (57) и двајцата од Радовиш.  

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link