„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Уредувањето на каналот „Крушевска Република“ -потврда дека е завршена добра работа
-Врнежите од дожд, деновиве, потврдија дека сме завршиле голема работа со уредувањето на каналот „Крушевска Република“ на потегот од транзитниот пат до вливот во реката Тркајна, напиша градонаначлникот на Струмица, Коста Јаневски.
Од загаден и полн со наноси канал, овој дел, по градежниот опфат кој заврши пред две недели, сега е претворен во урбана регулација на канал за атмосферски води.
Секако, треба да се продолжи со целосна изградба до вливот во реката Тркајна.
Уредувањето на каналот „Крушевска Република“ е еден од нашите приоритети и оваа година, стои во објавата на градоначалникот Јаневски.