Академија Пандев го засили нападот со србинот Михајловиќ
Академија Пандев за пролетниот дел од македонскиот шампионат го засили својот тим со србинот Бранко Михајловиќ.
Станува збор за 29-годишен напаѓач кој потекнува од школата на гигантот Партизан, а во Академија Пандев доаѓа од тимот на Мачва. Во минатото тој бил дел од израелски Хапоел Петах Тиква, Ловчен, Рад и Чукарички.