fbpx

Клубот на млади при Црвен крст организираше предавање за превенција и заштита од злоупотреби на интернетот и социјалните мрежи

 Клубот на млади при Црвен крст организираше предавање  за превенција и заштита од злоупотреби на интернетот и социјалните мрежи

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Отсекот за превенција при СВР Струмица денес организираше предавање на тема „Превенција и заштита од злоупотреби на интернетот и социјалните мрежи“.

Пред младите членови на струмичкиот Црвен крст инспектор од СВР Струмица говореше за оваа актуелна тема, во светло на појавата на случајот „Јавна соба“, како и зачестените злупотреби на личните податоци од женски лица на социјалните мрежи.

Младите беа запознати со опасностите кои ги кријат социјалните мрежи и интернетот околку оставањето и давањето на лични податоци, фотографии, снимки и видео записи.

Според полицијата младите најмногу треба да внимаваат околу давањето и оставањето на личните податоци за да не бидат злоупотребени од трети лица, па дури и кражба на пари од лични сметки.

Беше потенцирано дека во време на пандемија младите се повеќе се присутни на социјалните мрежи и затоа постои опасност од така наречените „демначи“ кои можат да ги злоупотребат нивните податоци.

Предавањето го следеа две групи од Клубот на млади при Црвен крст, кои и на двете предавање искажаа голем интерес за темата и интерактивно учествуваа во разговорите и предавањата.

Share via
Copy link