fbpx

Десет новозаразени и тројца оздравени од коронавирус во Струмица

 Десет новозаразени и тројца оздравени од коронавирус во Струмица

Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 78-Прилеп 18-Кавадарци 15-Тетово 12-Охрид и Струмица по 10-Куманово, Велес и Струга по 6-Дојран 3-Гостивар, Гевгелија и Неготино по 2-Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:

-Скопје 146-Куманово 14-Тетово 8-Велес 7-Гостивар 5-Кичево 4-Струмица-3, Штип и Битола по 3-Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија по 2-Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Share via
Copy link