Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Приведен разбојник од Стојаково
Денеска во периодот од 10:30 до 12:00 часот извршен е претрес во куќата и помошните простории на И.А. во село Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија, соопштија попладнево од СВР Струмица.
При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ ивршено во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело.
При претресот се пронајдени и растенија канабис.
И.А. е лишен од слобода и задржан во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.