„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црната ковид статистика се враќа во Струмица
По подолго време регистриран е еден починат, но и 16 новозаразени и само тројца оздравени од Ковид-19 во Струмица.
Во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во:
-Скопје 334-Прилеп 56-Кавадарци 52-Неготино 34-Велес 26-Охрид 24-Битола 23-Куманово 22-Тетово 18-Струмица 16-Гевгелија 15-Крива Паланка 14-Гостивар 13-Струга 10-Богданци 9-Кичево и Делчево – по 8-Крушево 7-Штип 6-Кочани и Ресен – по 5-Свети Николе 3-Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2-Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:-Скопје 71-Кавадарци 20-Прилеп 18-Куманово 14-Тетово 12-Велес 6-Кочани 5-Гевгелија и Битола – по 4-Штип, Струмица-3 и Неготино – по 3-Гостивар и Кратово – по 2-Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.