„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Струмица 25 новодијагностицирани и 10 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 643 -Куманово 90-Прилеп 85 -Велес 61 -Охрид 56 -Битола 50 -Кавадарци 47 -Тетово 40 -Гостивар 35 -Гевгелија 34 -Штип 30 –Струмица 25 -Неготино 19 -Кочани 15 -Кичево 13 -Радовиш 12 -Пробиштип 8 -Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово по 7 -Свети Николе, Дебар и Македонски Брод по 6 -Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар по 4 -Крушево и Пехчево по 3 -Кратово 2.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Регистрирани се 451 оздравени пациенти од:
-Скопје 245 -Прилеп 40 -Кавадарци 23 -Гевгелија 19 -Штип 17 -Неготино 16 -Кочани 12 -Тетово и Велес по 11 -Гостивар и Струмица по 10 -Куманово 9-Битола 7-Демир Капија 5 -Берово 4 -Пробиштип и Богданци по 3 -Кратово 2 -Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.