fbpx

В недела Еко акција „Чисти ридови за сите“

 В недела Еко акција „Чисти ридови за сите“

На иницијатива на повеќе граѓански организации од областа на спортот и заштитата на животната средина, ќе се спроведе Еко акција „Чисти ридови за сите“, а поддржана од Делегацијата на Европската Унија во државата и Општина Струмица.

Еколошката акција ќе се одржи на 28.03.2021 година (недела) во периодот од 10:30 до 14:00 часот на две локации: од пред „Ловен дом” по трим патеката се до Св.Илија и од пред СОУ „Никола Карев” по асфалтниот пат до „Лозињата – Чамчифлик”.

За време на акцијата ќе бидат почитувани сите мерки за заштита од Ковид-19, носење заштитна маска, држење соодветна дистанца, а учесниците ќе имаат можност и за честа дезинфекција на рацете.

Целта на акцијата е чистење на отпадот од овие локации и подигање на јавната свест за почиста животна средина, а во неа можат да се вклучат сите граѓани љубители на природата.

Share via
Copy link