РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 15 ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА
Изгаснат пожар во училишен двор во Ново Село покрај цистерна за гориво
Вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во двор на училиште во село Ново Село, струмичко, каде била поставена цистерна за гориво, која се користи за затоплување, настанал пожар, информираа денеска од МВР.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Струмица.
Повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа и инспектор од Дирекција за заштита и спасување