fbpx

Полициски билтен: Физички напад, казни за пешаци и неносење заштитни маски

 Полициски билтен: Физички напад, казни за пешаци и неносење заштитни маски

На 24.03.2021 година во Полициска станица Струмица, Ќ.И.(30) од Струмица пријавил дека околу 21.00 часот, пред објект за забавни игри на улица „5-ти Ноември“ во Струмица, бил физички нападнат од М.Н. и Џ.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.03.2021 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над пешаци.  Притоа, биле откриени 45 прекршоци, од кои 15 по акциската контрола и 30 останат прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24/25.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 20 лица не ја почитувалe, од кои по 8 во Радовиш и Валандово, 3 во Гевгелија и 1 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link