fbpx

Академија Пандев замина на подготовки во Анталија

 Академија Пандев замина на подготовки во Анталија

Есенскиот вицешампион Академија Пандев денеска замина на 12 дневни подготовки во Анталија, Турција, во рамки на подготовките за вториот дел од првенството на Првата МФЛ.

Во Турција „пандевци“ ќе одиграат 4 контролки и тоа со екипите на Нови Пазар од Србија, (23 јануари), потоа со Лиапи од Косово (27 јануари), Крилја Совјетов од Русија (30 јануари) и на крајот со бугарската ЦСКА на 31 јануари.

Share via
Copy link