fbpx

Александра Ристовска нова претседателка на ЖФК Тиверија

 Александра Ристовска нова претседателка на ЖФК Тиверија

25 годишната Александра Ристовска која е долгогодишен член на ЖФК Тиверија, капитен на сениорскиот тим и тренер на младите надежи на Тиверија добива нова улога. Од денес таа е нова претседателка ЖФК Тиверија.

ЖФК Тиверија Струмица е клуб со долгогодишна традиција. Клуб кој е веќе претпознатлив во Струмица а и во Македонија. Навистина ми е чест што ми е доделена ваква улога која сама по себе носи голема одговорност. Тиверија е клуб кој има стратегија за работа и работи доста организирано. Во ваква средина е лесно да се работи и напредува. Јас како Претседател на клубот можам да кажам дека ќе дадам се од себе наредната сезона Шампионската титула да заврши во Струмица. Од управниот одбор на клубот веќе се прават планови за наредната сезона. Нашиот тим е составен од многу талентирани играчи на кои сум навистина горда и верувам во нивниот квалитет. Со неколку засилувања на одредени позиции сметам дека ќе го достигнеме врвот.

Покрај горенаведеното Тиверија е клуб кој работи и на принципот на самофинансирање. Од 22 јули 2020 година клубот доби сопствен простор за дружба на фудбалерките. Станува збор за кафе барот ”Тиверија Кафе” и бутикот ”Тиверија Спорт” со што овозможивме вработување на повозрасните фудбалерки паралелно со играњето за клубот. ЖФК Тиверија Струмица е клуб со стабилен спонзор во името на брендот ”Mama’s foods” како и компаниите ”ИГМ Еленица” и ”Тргопродукт”. Секако ја имаме поддршката од нашата матична федерација ФФМ како и Општина Струмица и Агенцијата за млади и спорт.

На 23.09.2021 ЖФК Тиверија ќе прослави 10 години од своето постоење на кое ќе бидат поканети сите спортски работници кои имаат дадено свој допринос за клубот. Нашиот клуб немаше да биде тоа што е денес ако не беше поддршката од машките фудбалски клубови од нашиот град Тиверија, Академија Пандев, Беласица како и ОФС Струмица.

Извор: www.tiverija.mk

Share via
Copy link