fbpx

Андон Стојков нов претседател на младите струмички социјалдемократи

 Андон Стојков нов претседател на младите струмички социјалдемократи

-Многу сум горд и среќен што можам да соопштам дека сум претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија – Струмица. Прв меѓу еднаквите млади струмички социјалдемократи, навистина е голема чест и задоволство.Ви благодарам на сите за поддршката и довербата која што ми ја дадовте, објави новиот претседател.

-Чувството како новоизбран претседател и искрено да ви кажам убаво е, но, не е лесно.Убаво е, затоа што сте ми верувале и сте ми го дале Вашиот глас, убаво е што имам визија и можам и сакам целиот мој капацитет да го вложам во зајакнувањето на мојата и Вашата Социјалдемократска младина која уште повеќе директно ќе учествува во прогресивниот развој на нашата држава.Не е лесно, затоа што Струмица не е било кој град, туку најцврстиот бедем на македонската социјалдемократија, од чии редови излезе најдобриот, најпожртвуваниот и најхрабриот македонски премиер, Зоран Заев. Исто така и нашиот Коста Костадинов, кој беше еден од моите претходници, а сега е актуелен градоначалник на нашата Струмица. Му благодарам и на досегашниот претседател Столе Коциров кој успешно го водеше Локалниот клуб на СДММ и на целото досегашно раководство. Ви благодарам на сите што верувате во мене, напиша Стојков.

Share via
Copy link