Објавено најновото истражување во рамки на проектот „Заштита од корупција“

Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Заштита од корупција“ го објави новото истражување кое се однесува за буџетската ставка 463 на општините. Истражувањето  покажа дека преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди: Здруженијата на граѓани и […]

Претрес во струмичко, пронајдени 5.880 парчиња пиротехника

Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5880 парчиња разновидни пиротехнички средства. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде […]

Предадена во употреба новата спортска сала во Гимназијата „Јане Сандански“

Од денеска СОУ „Јане Сандански“ има нова спортска училишна сала со вкупна површина од 450 метри квадратни. Учениците и професорите добија современи услови за изведување на наставата по физичко образование. Салата во употреба ја пуштија градоначалникот Костадин Костадинов и директорката на училиштето Невенка Стојанова и е заедничка инвестиција на општина Струмица и СОУ „Јане Сандански“. […]

Божиќна честитка од градоначалникот Костадинов

Почитувани сограѓани, христијани од католичка вероисповед, Празник е кога вистински празнуваат срцата и душите. Празник е кога му се радувате на денот кој ве исполнува и ве прави посреќни од вообичаеното. Овој ден е токму таков, ден во кој со озарени лица го славите раѓањето на Исус Христос, кој повторно ја дарува смислата на постоењето, […]

Отворен Новогодишниот базар во Струмица

Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024. -Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни […]

Полициски билтен:Физичка пресметка во Радовиш, пронајдена прашкаста материја кај светиниколчанец

На 24.12.2023 година во 02.40 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Ѓ.Г. (18), М.А. (20), Л.Е. (20), тројцата од Радовиш и Д.К.(21) и Ј.К. (25), двајцата од село Сулдурци, радовишко. Лицата претходно на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна […]

За помалку од 12 часа фатени сторители на тешка кражба

Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ж.М. (48) од село Куклиш, струмичко и Л.М. (46) од Струмица, соопштија од СВР Струмица. Ж.М. се сомничи дека на 21.12.2023 извршил тешка кражба во куќа во село Куклиш, струмичко, од која одзел метален сеф во кој имало пари, златен рачен часовник […]

„Петарди НЕ – безбедност пред се“ – превентивни активности на

Денеска во рамките на превентивно едукативните активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје насловена како „Петарди НЕ – безбедност пред се“ лекар од клиниката и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово одржаа стручни предавања, односно презентации пред […]

Кривична пријава против двајца затворски работници од струмичкиот затвор

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 […]

Известување од Општина Струмица за пренасочување на сообраќајот

Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“, ќе има пренасочување на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.