Вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, имаше голема чест и задоволство во неговиот кабинет да ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, информираа од Општина Струмица. Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа […]
Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар, сооптија од Општина Василево. На местото на пожарот се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и спречување на понатамошно ширење. Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 хектари […]
-Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета, објави на фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. -Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е […]
Денеска 13:45 часот, во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенира на гасење на запалени стрништа, суви треви и дрвја. Гори површина од околу 20 хектари и должина од околу 3 километри покрај реката Струмица . Пожарот е во разгорена фаза помогнат […]
На 29.09.2023 во 15:30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(77) од струмичко, поради тоа што на 27.09.2023 се обидел да изврши обљуба врз 64-годишна жена, негова сосетка, соопштија денеска од МВР. Се работи на расчистување на случајот.
На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, […]
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот. Овој проект е имплементиран од страна […]
Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, […]
Општина Струмица добива уште еден булевар, „Братство и Единство“ на првиот изграден булеварски мост во историјата на Струмица „Обединување“ на реката Водочница. Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Марјан Даскаловски, членови на истиот и претставници на општинската администрација, денеска беа на лице место за да видат како се одвиваат градежните активности. -Со огромна радост на […]
Денеска во 11:30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти, соопштија денеска од МВР. Известен е јавен […]