Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Голем пожар кај селата Зубово, Колешино и Сушица
Денеска 13:45 часот, во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица, ТППЕ Струмица со 4 против пожарни возила и 9 пожарникари – спасители интервенира на гасење на запалени стрништа, суви треви и дрвја. Гори површина од околу 20 хектари и должина од околу 3 километри покрај реката Струмица .
Пожарот е во разгорена фаза помогнат од силниот ветар кој го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон с.Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола. Екипите на ТППЕ Струмица остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот, стои во информацијата од ТППЕ Струмица.