Ангов поканува на најголема еколошка акција за чистење на крајбрежието на Дојранско Езеро
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 33 лица
Денеска во 11:30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти, соопштија денеска од МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Фото: архива