Новогодишно обраќање на градоначалникот Костадинов

               Почитувани мои сограѓани,     Многу сакав на секој од Вас да му испратам по една новогодишна честитка, и на тој начин, искажувајќи ви почит и внимание, да ги споделам моите најискрени желби за Вас за во новата 2022 година. Но, честитките се мали по формат и невозможно е во нив да ги напишам сите […]

Костадинов на средба со здруженија и организации кои опфаќаат лица

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, во Домот на АРМ одржа средба со претставници на здруженија и организации кои опфаќаат лицата со попреченост.На средбата градоначалникот Костадинов информираше за поддршката што овие лица ќе ја добијат од буџетот на општина Струмица за 2022 година за приоритетите утврдени на средбата којашто се одржа пред донесувањето на буџетот на почетокот […]

Полициски билтен:одземени пари во продавница во Негорци, физички напад во

На 29.12.2021 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека околу 19.00 часот во продавница во село Негорци, гевгелиско, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.12.2021 во 04.00 часот во Полициска станица Струмица, Љ.Г. од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на улица […]

Ковид статистика Струмица:11 нови и 3 оздравени

Во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 196• Битола – 36• Охрид – 20• Кавадарци – 18• Прилеп – 17• Струмица и Гевгелија – по 11• Велес – 9• Крива Паланка – 7• Куманово и Штип – по 6• Кичево, Неготино, Ресен, Валандово […]

Новогодишна честитка од градоначалникот на Ново Село

Почитувани сограѓани,  Поминавме година  полна со предизвици, година што навести промени и нови содржини. Пред нас е Новата 2022 Година. Година во која сите очекуваме  да ни донесе  повеќе спокој и радост, благосостојба и подобар живот. Моето ангажирање  ќе биде насочено токму кон подобрување на условите за работа и живеење. Во новата година, ќе работиме […]

Градоначалникот Андонов им подари новогодишни пакетчиња на првачињата

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов денеска на најмалите ученици од општина Василево-првачињата,  им подари Новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, среќа и безгрижни празнични денови, градоначалникот им ја честиташе Новата година и на најубав можен начин, со новогодишно пакетче им посака убави празични денови и среќен распуст. „Да сте сите живи и здрави, […]

Царината заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран

-Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана, соопштија од Царинската управа. Дрогата е […]

Благој Спасов наместо да слави роденден донирал новогодишни пакетчиња во

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица Благој Спасов донираше 30 новогодишни пакетчиња. Пакетчињата ги купил од парите што му биле планирани за роденденска прослава, па наместо да слави роденден овој хуман граѓанин се одлучил за донација. Пакетчињата ќе се донираат на дечиња од ранлива категорија.

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски, врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, од Уставот на Република Северна Македонија денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. -Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот […]