На 13.03.2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје, информираа денеска од МВР. При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник […]
Националниот ромски центар во партнерство со приватната агенција за вработување МОТИВИ и со поддршка на We Effect имплементираат кампања за подобрување на перцепциите на Ромите за придобивките од вработување. „Статистичките податоци говорат дека постои голема разлика на пазарот на трудот помеѓу припадниците на ромското и неромското население. Бројот на мажи Роми кои работат во „сивата […]
Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, објави Зоран Заев на фејсбук. Го искористив учеството на форумот […]
Во организација на еколошките здруженија „Стига е“, „Еко долина“ и „Здрава котлина“ денеска се одржа акција за пошумување во месноста Чам Чифлик и опожарениот дел над градот од големиот пожар во 2012 година. Во акцијата се засадени илјада дрвца, а во масовната акција се вклучи и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Марјан […]
На 12.03.2022 во 20.00 часот на локален пат покрај брана Мантово, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.О. (38) од Штип, кој во моторно возило „фолксваген туарег”, со скопски регистарски ознаки, превезувал 13 лица мигранти, од кои 5 од Гана, 5 од Пакистан, 2 од Сенегал и 1 од Бенин, […]
Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, соопштија денеска од владината прес служба. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт. Со […]
Денеска во 16:30 часот во атарот на село Василево, во непосредна близина на Нипром, ТППЕ Струмица со 5 против пожарни возила и 10 пожарникари – спасители интервенираше на гаснење на запалени стари гуми, сува трева и трски, информираа струмичките пожарникари. Благодарение на брзата интервенција спречено е да се зафатат соседните објекти.
На 12.03.2022 во 06.50 часот било пријавено дека на регионален пат кај село Јосифово, валандовско, патничко возило „пежо“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од село Раброво, валандовско, излетало надвор од коловозот, информираа од МВР. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(32) од Валандово, а со телесни повреди се здобил сопатникот […]
Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 […]
-Во рамки на работната посета на Република Бугарија, остварив средба со градоначалникот на општина Кресна, Николај Георгиев. На средбата беше разговарано за актуелни теми, како и за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Беше разговарано и за размена на искуства во областа на образованието, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.