fbpx

Акција за пошумување над Струмица-„Градот заслужува да дише“

 Акција за пошумување над Струмица-„Градот заслужува да дише“

Во организација на еколошките здруженија „Стига е“, „Еко долина“ и „Здрава котлина“ денеска се одржа акција за пошумување во месноста Чам Чифлик и опожарениот дел над градот од големиот пожар во 2012 година.

Во акцијата се засадени илјада дрвца, а во масовната акција се вклучи и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, членови на Советот и повеќе граѓански здруженија и организации.

Share via
Copy link