fbpx

Костадинов: Струмица продолжува да го држи приматот во грижата за децата со попреченост

 Костадинов: Струмица продолжува да го држи приматот во грижата за децата со попреченост

На Меѓународниот ден на образованието којшто се одбележува денеска, имам многу убава вест за споделување, а којашто потврдува дека општина Струмица продолжува да го држи приматот во земјава, во грижата за децата со попреченост и нивното воспитување и образование, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ се отвори сензорна соба којашто е од огромна важност за самото училиште, но и за општина Струмица. Но не смееме да заборавиме дека таква сензорна соба, по заслуга на општина Струмица и тогашниот градоначалник Зоран Заев, беше отворена во 2016 година во ООУ „Сандо Масев“ како прва од таков вид во државата, откако десет години пред тоа беа отворени и првите специјални паралелки кои прераснаа во Центар за поддршка на образованието на ученици со попреченост, додаде Костадинов.

Сензорните соби нудат стимулација на учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина, во која преку индивидуална работа со 25 деца, колку што имаат потреба во моментов во ова училиште, ќе се овозможи развој на нивните потенцијали и активно вклучување во воспитниот и едукативниот процес.

Среќен сум бидејќи со оваа сензорна соба во основно училиште во Струмица ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност во општината, а не поттикнува и партнерски да работиме на создавање на заедница во која сите деца ќе имаат еднакви можности за раст и развој, напиша струмичкиот градоначалник.

Изразувам јавна благодарност на Фондацијата „Чекор по чекор“ за успешната реализација на овој проект, а секако и на Европската Унија кој истиот го финансира, и истовремено се надевам дека сензорната соба во ООУ „Видое Подгорец“ ќе ги даде посакуваните резултати.

Share via
Copy link