Полициски билтен:валандовчанец ја нападнал сопругата, физички напади во Струмица
Нашинец од Пјаченца кој го фатил Светиот крст собраните пари ги донираше на семејства во Општина Босилово
Зоран Горгиев од Просениково, кој го фати крстот на Водици во Пјаченца-Италија, собраните средства во износ од 680 евра ги донираше на социјално ранливи семејства од општина Босилово.
Единаесет семејства од Босилово добија пакети со основни прехранбени продукти.
-Во името на граѓаните на општина Босилово изразувам благодарност до Зоран Горгиев и неговото семејство за помошта, поддршката и соработката, напиша градоначалникот Ристо Манчев на својот фејсбук профил.