Седум нови и тројца оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 165• Прилеп – 26• Охрид –18• Кавадарци – 16• Битола – 11• Велес – 10• Куманово – 8• Струмица – 7• Тетово и Ресен – по 6• Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5• Кичево и […]

Апел од Општина Ново Село за внимателно возење заради санирање

Општина Ново Село апелира до граѓаните да возат внимателно на патиштата во општината, бидејќи на терен на одредени локации се врши подготовка за санирање и асфалтирање на ударни дупки и истите ќе бидат асфалтирани до сабота, 25 декември, а понатаму следува санација и во останатите населени места.

Средба на градоначалникот Костадинов со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, беше домаќин на амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин. Општина Струмица и Амбасадата на Руската федерација негуваат долги пријателски односи, а од 2013 година, Струмица е збратимена со градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација и воспоставена соработка во повеќе области. На средбата се разговараше за […]

Јавно извинување од поранешниот директор на НУ „Завод и Музеј

            Јас Ацо Манински, поранешен директор на НУ Завод и Музеј Струмица му се извинувам на  ДППТУ МАКАУС – Благоја,  Дooeл, на ул. „Петар Делјан“, бр. 6, 1.000 Скопје за искажаниот сомнеж, искажан во момент на афект на прес конференција на 12.12.2021 година. Имено, во таа прилика, а во врска со блокираната сметка на НУ […]

Струмички пожарникари учествуваа на организирана смотра и изложба на опрема

Денеска четворица пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на Републичкиот УСАР тим (Тим за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини), присуствуваа на организирана смотра, изложба на опремата за заштита и спасување и претставување на Тимовите за брз одговор (ТБО) при Дирекцијата за заштита и спасување. Настанот се одржа во Скопје.

Градоначалникот Манчев и директорт на ЦУК Ангелов ги посетија критичните

-На иницијатива на општина Босилово со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги посетивме критичните места на река Струмица и река Језга (Радово-Турново) и на лице место констатиравме дека е неопходно веднаш да се преземат мерки за санирање на критичните точки и за чистење на речното корито, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. -Чистењето на овие […]

Изгласано законското решение недела да биде ден за неделен одмор

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Северна Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за  работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор. -Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на […]

Градоначалникот Костадинов најавува нови мерки за бенефит на граѓаните

2022 ќе биде година посветена на многу проекти, активности и мерки со цел подобрување на секојдневието на струмичани, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Дотацијата за секое новороденче од досегашните 3.000 денари, ја покачуваме на 6.000 денари. -Самохраните родители кои примаат плата помала од просечната, ќе бидат целосно ослободени од плаќање кон детските градинки за […]

Закрпени дупките на патот за Добрашинци

„Конечно се закрпени дупките на патот кон Добрашинци кои подолго време претставуваа опасност за граѓаните кои преку нив минуваа со автомобили“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информирајќи за крпењето на дупките на локалниот пат што води кон Добрашинци. Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите […]

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои

Министерството за образование и наука информира дека од утре до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот […]