fbpx

Седум нови и тројца оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Седум нови и тројца оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 165• Прилеп – 26• Охрид –18• Кавадарци – 16• Битола – 11• Велес – 10• Куманово – 8• Струмица – 7• Тетово и Ресен – по 6• Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5• Кичево и Кочани – по 4• Штип и Берово – по 3• Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2• Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:

3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г), и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од:

• Скопје – 120• Кавадарци – 19• Битола – 18• Куманово – 8• Охрид – 6• Велес, Штип и Неготино – по 5• Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4• Струмица-3, Гевгелија и Пробиштип – по 3• Кочани – 2• Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273

Share via
Copy link