На 80-тата седница, Владата на Република Северна Македонија по предлог на Комисијата за заразни болести, ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата.
Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго. Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во […]
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: […]
Вчера во 15:40 часот било пријавено дека во близина на село Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во река Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал. Во 19:15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска […]
Синоќа се одржа првиот аеробик тренинг на отворено како дел од програмата на СОФ 2020. Во градскиот парк кај Езерцето вежбаа 60-тина рекреативци од сите возрасти. Тренингот го водеше аеробик и пилатес инструкторот Елена Илков од GoFit. Општинската организација на Црвен Крст – Струмица со свој волонтерски тим беше дел од синоќешниот настан со цел […]
Одбојкарскиот клуб ЏИО Струмица ги продолжи договорите на македонските репрезентативци Славе Наков и Филип Николовски за уште една сезона. -За нив нема поголем предизвик од европската сезона која што претстои на нашиот тим каде што веруваме ќе се претставиме во одлично светло. Тие со нивното искуство од последното репрезентативно натпреварување на Европското првенство во Словенија […]
Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 20-Куманово 16-Штип 13-Прилеп 1-Тетово 3-Струга 2-Велес 4-Битола 1-Охрид 2-Кавадарци 15-Гостивар 10-Гевгелија 1-Радовиш 2-Демир Хисар 1-Македонски Брод 2-Виница 3-Свети Николе 5-Кичево 7-Неготино 1 Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]
Денес од СВР-Струмица информираа дека вчера во 22:45 часот К.А.(30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А.(56). Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Вечерва со почеток во 20 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде отворено 57 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија. Со две изложби ќе биде отворено годинашното издание на Струмичката ликовна колонија. Првата изложба е насловена „Пријателство“, на која ќе бидат изложени дела од македонски и бугарски автори, а втората е самостојна изложба на акварели […]
Вчера во 07:30 часот било пријавено дека на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В.(31) од село Бориево, управувајќи трактор со приколка, се излизгал од патот и паднал во дол. С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници […]