„Комуналец“ го заменува покривот на Градската капела

ЈПКД „ Комуналец“ започна со замена на покривот на Градската Капела. Со замената е планирана целосна реконструкција на стариот покрив и поставување на хидроизолација и трермоизолациони панели, со што освен подобрувањето на енергетската ефикасност на Градската Капела истата ке добие и поубав урбан изглед.

Полицијата затекнала малолетници во угистителски објекти, во еден им се

СВР Струмица соопшти дека денеска (03.11.2024) полициски службеници извршиле контрола во угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во 3 угостителски објекти било констатирано присуство на малолетни лица после 24:00 часот, а во еден од овие објекти било констатирано и точење алкохол на малолетник. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во знак на жалост, солидарност и поддршка општинската зграда светна

-Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов -Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка, синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме. Ваква трагедија никогаш да не се повтори, напиша струмичкиот градоначалник.

Богданчанец загина во сообраќајка на патот М.Брод-Прилеп

Вчера во 13:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот. Во […]

Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во

-Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која остави зад себе загубени животи и длабока болка, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи […]

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија денеска од ЈО. -Прибраните докази […]

ЗНМ:грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска- Повик за

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на нашата членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ.  Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот […]

Претрес во Гевгелија-пронајдена дрога, приведени дилери

На 31.10.2024 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон, соопштија денеска од МВР. На 30.10.2024 А.М., […]

„Еразмус плус“ програмата-мост за поврзување на младите од Северна Македонија

Од нови искуства и знаење до размена на студенти, практикантски програми и проекти – програмата „Еразмус+“ создава мост помеѓу младите од Македонија и нивните врсници од Европа. Досегашните искуства покажуваат дека оваа програма е одличен начин за младите од различни делови на Европа да се поврзат, да стекнат нови искуства, да развијат вештини и да […]

Полицијата сомничи струмичанец за обљуба врз жена со која живеел

Вчера во 18:45 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на струмичко, заради сомнение дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село, со која живеел во вонбрачна заедница, соопштија денеска од полицијата. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По […]