„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Бесар Гуџуфи од Беласица се пресели во Бешикташ за половина милион евра
Бесар Гуџуфи ставил потпис на петгодшен договор со Бешикташ, тој таму оди од Беласица каде настапуваше во изминатите шест месеци, трансферот е вредедн половина милион евра.
Големиот талент кој настапува за македонската репрезентација до 17 години, е нов член на Бешикташ.
Тој стави потпис на петгодишен договор со новиот турски шампион, а тие за овој трансфер платија 480.000 евра.
Гуџуфи беше член на Вардар, но во зимскиот преоден рок направи трансфер во Беласица од каде оди во Бешикташ.
Бесар Гуџуфи кон крајот на овој месец ќе наполни 17 години, тој важи за голем талент за кого интерес имаше и од неколку други важни клубови како Трабзонспор и Динамо Загреб.