fbpx

Bu Coffee House од Струмица победници на Street basket Владевци 2022

 Bu Coffee House од Струмица победници на Street basket Владевци 2022

Екипата на  Bu Coffee House од Струмица e победник на  турнирот во улична кошарка Street basket Владевци 2022, кој по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, се одржа на  26 и 27 август 2022 година во населеното место Владевци.

Второто место им припадна на екипата  Фурна Чешма од Радовиш,  за третото место се изборија EON Marketing од Струмица, а како четвртопласирани завршија City Pub  од Берово. Натпреварите се играа на кошаркарското игралиште во населеното место Владевци.

Се натпреваруваа  8 екипи  и тоа по една од Берово, Радовиш, Колешино, Василево, Босилово, Владевци и две екипи од Струмица  за вкупен награден фонд од 30 000 денари,

Главен покровител на турнирот беше општина Василево.

Share via
Copy link