Од хидросистемот „Спас за Дојранското езеро“ ќе се полни браната Палурци
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 72-ра седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата на Акумулацијата Паљурци, со задолжение Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ да обезбеди доток на вода во акумулацијата Паљурци до максималните можности на системот и тоа во траење согласно потребите за нормализирање на нивото на вода во акумулацијата.
Со дотурот на дополнителни количини вода ќе се обезбедат услови за наводнување на земјоделските површини и би се избегнале дополнителни штети за земјоделците од Општина Богданци и населените места Стојаково и Ѓавато.