fbpx

Царината заплени лекови на преминот „Богородица“

 Царината заплени лекови на преминот „Богородица“

На Граничниот премин „Богородица“, при влез во Република Северна Македонија, на товарно моторно возило со скопски регистарски таблички, извршена е детална контрола на возилото од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, соошштија денес од Царинската управа.

Притоа, во палетарката од десната страна биле пронајдени 6 картонски кутии со разни лекови и тоа: 119 паковки Lyo-cortin прашок и раствор 100мg, 50 паковки depakine 200 mg ,65 паковки cytotec 200mg ,30 паковки arcoxil 90mg, 30 паковки neurontin 300mg, 200 паковки маст butavate 30gr, 20 паковки deca durabolin 50 mg, 50 паковки vermox 100mg, 44 паковки aldactone 100mg, 30 паковки plaguenil 200mg,50 паковки ditropan 5mg, 50 паковки neurobion и 6 кутии(42 ампули) prolutex 25mg.

Стокaта, со вкупна вредност од 233.500,00 денари, е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, a целокупната документација е предадена на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување.

Share via
Copy link