fbpx

Шест оздравени и без починати и новозаразени од Ковид-19 во Струмица

 Шест оздравени и без починати и новозаразени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 53-Куманово 8-Штип 2-Прилеп 13-Тетово 3-Струга 1-Битола 1-Кавадарци 2-Гостивар 1-Гевгелија 1-Крива Паланка 4-Радовиш 1-Крушево 2-Кочани 6-Виница 3-Свети Николе 1-Неготино 2.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од:

-Скопје 283-Куманово 18-Штип 3-Прилеп 36-Тетово 7-Струга 31-Велес 7-Битола 17-Охрид 50-Кавадарци 25-Гостивар 9-Гевгелија 6-Струмица 6-Крива Паланка 3-Кочани 10-Пробиштип 2-Берово 4-Валандово 2-Кратово 2-Свети Николе 2-Кичево 5-Неготино 11.

Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970.

Share via
Copy link