„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво
Во рамките на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е избран за Регионална канцеларија за социјално претприемништво. Социјалното претприемништво во Северна Македонија е во почетен стадиум на развој, но постоечките социјални претпријатија покажуваат дека има потенцијал за раст и развој на овој концепт и кај нас. Токму од тие причини во наредниот период е предвидено и донесување на посебна законска рамка за социјално претприемништво.
Што е социјално претприемништво?
Социјалното претриемништво е спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Социјалните претпријатија делуваат во две насоки:
- Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
- Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.
Токму затоа ни причинува посебна чест што ние како Регионална канцеларија за социјално претприемништво ќе бидеме пионери кои ќе учествуваат во развојот на социјалните претпријатија во Југоисточниот регион нудејќи квалитетна техничка поддршка, како и професионална поддршка за нивниот развој, со цел да се овозможи вработување на ранливи категории на лица. Од сега па натаму ќе биде наш приоритет социјалните претприемачи да бидат навремено информирани за конкретната финансиска и техничка поддршка што може да ја искористат.
Да го направиме светот подобро место за живеење!