fbpx

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион одбележа 15 години постоење

 Центарот за развој на Југоисточниот плански регион одбележа 15 години постоење

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска одбележа 15 години постоење и работење.

Свеченоста се одржа под мотото „Еден регион-безброј приказни“, а на настанот беа презентирани резултатите од досегашното работење преку видео приказни на вработените во Центарот, поранешни претседатели од редот на градоначалници на Советот за развој на регионот, а на поголем број институции и поединци им беа врачени плакети и благодарници.

Пред присутните се обратија актуелниот претседател на Советот, градоначалникот на Василево, Славе Андонов, директорот Ѓоко Камчев и поранешната директорка и еден од основачите на Центарот, Жулиета Ѓуркова.

Како што беше кажано на денешен ден пред 15 години е отворена првата страница од празната книга која почнала да се испишува, а досега се имплементирани над 100 проекти, од кои 15 се европски.

-Во оваа 2023 година завршени се 11 проекти, а уште два се во завршна фаза и се надевам дека до средината на декември во регионот ќе заврши оваа приказна согласно договорите потпишани со општините, приказна која тежи скоро 90 милиони денари, кои се инвестирани во проекти кои го подобруваат животот на сите граѓани од нашиот Југоисточен регион, истакна директорот Камчев.

Во изминатава деценија и половина реализирани се многу проекти со акцент на инфраструктурата, заштитата на животната средина и против пожарната заштита.

Share via
Copy link