fbpx

Центарот за развој на Југоистокот набави две возила за пожарникарите од Валандово и Гевгелија

 Центарот за развој на Југоистокот набави две возила за пожарникарите од Валандово и Гевгелија

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Центарот е проектен партнер во овој проект и го имплементира заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република С. Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. С. Македонија, Реф. Бр. CN2-SO2.4-SC044.

Во рамките на овој проект Центарот за развој на Југоисточниот плански регион набави две против пожарни возила за територијалните противпожарни единици во Валандово и Гевгелија.

Малиот камион за спасување e за употреба на Територијалната противпожарна единица – Гевгелија која е одговорна и опфаќа простор од 3 општини во Југоисточниот регион, општина Гевгелија, општина Богданци и општина Дојран.

Возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица Валандово.

Во меѓувреме се направи модификација на проектот со што Центарот доби дополнителни средства и веќе во процедура е набавката на трето противпожарно возило кое ќе биде наменето за Територијалната противпожарна единица – Струмица. Ова возило ќе биде мал камион за спасување, исто како за ТППЕ Гевгелија. Со новата модификација исто така ќе бидат набавени и три дронови со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожарите на тешко пристапните места.

Југоисточниот регион се состои од само 10 општини и секогаш кога има поголем пожар во шумите многупати се зафатени најмалку две општини, затоа обично сите четири територијални противпожарни единици си помагаат со возила и човечки ресурси.

Имајќи го предвид ова, набавената опрема во рамките на овој проект ќе ги опслужува потребите на целиот регион.

Share via
Copy link