Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Честитка од градоначалникот Костадин Костадинов по повод Светскиот ден на театарот
Почитувани членови на струмичкиот театар „Антон Панов“,
Денес е ваш ден, ден во кој заедно со вашите колеги од целиот свет, го одбележувате 27 Март – Светскиот ден на театарот. Бидете горди на фактот дека зад вашата фела и зад овој Ден, стои Интернационалниот театарски институтот (ИТИ), кој е формиран во далечната1948 година од страна на УНЕСКО, а безмалку во истото време е формиран и Струмичкиот народен театар. Тоа кажува многу, и за вашиот колектив, но и за Струмица.
Придонесот на театарската уметност во севкупното културно живеење на Струмица е огромен. Така било, така е, така нека остане и за долги години.
Театарот е една од најкадарните уметности која гради креативни мостови меѓу штиците што живот значат и нашите животи, уметност – времеплов кој не води низ различни епохи и ни ги открива белезите на човековото постоење, сите негови доблести и мани, но и слики за нашето вчера, денес и утре.
Следете ја верно вашата љубов и благородна мисија, за атер на театарот , за атер на публиката, но и за атер на сите генерации струмички актери, особено годинава кога Струмичкиот театар „Антон Панов“ слави голем јубилеј – 75 години од своето постоење.
Нека ви е честит и вековит 27 Март – Светскиот ден на театарот.