„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на Армијата
Одбраната на независноста и територијалниот интегритет на татковината е еден од фундаменталните белези на македонската државност.
Македонската армија е современиот гарант на нашата безбедност, стожерот и бедемот на нашата целовитост, креаторот на нашиот мир и чуварот на слободниот и мирен сон на граѓаните.
Нашата армија е наша гордост, особено денес кога чекори рамо до рамо со најразвиените армии во Европа и светот. Нека биде така за вечни времиња.
Нека ни е честит и вековит 18 Август – Денот на Армијата.