Фото: Свечена литија со иконата на Богородица Брзопослушничка
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на театарот
Почитувани членови на Струмичкиот театар „Антон Панов“,
Ако се знае дека театарот е една од најстарите и највозвишените уметности што ги смислил креативниот човечки ум, тогаш останете возвишени и Вие во Вашата уметничка мисија.Бидете и верни на божицата Талија и горди на Вашите „штици што живот значат“, за да останат горди со Вас и сите струмички вљубеници во театарската уметност.Продолжете ја на најубав можен начин 74-годишната традиција на Струмичкиот театар. Негувајте ја и јакнете ја големата љубов кон професијата, за да ви биде возвратено со љубов, полни гледалишта и многу, многу аплаузи.
Нека Ви е честит 27 март – Светскиот ден на театарот.