fbpx

„Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“-„Медија Флеш“ одржа работилница

 „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“-„Медија Флеш“ одржа работилница

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш “вечерва во големата сала на Домот на АРМ одржа работилница со млади и претставници на граѓански организации во рамки на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“, финансиран од Општина Струмица.

За значењето на медумската писменост кај младите и препознавањето на лажните вести говореа координаторот на проектот, Ристо Тасев, асистентот Веле Појразовски и новинарот Ване Трајков.

Преку практични примери и големо учество и и нтерес од страна на присустните, заеднички беше заклучокот дека со вакви проекти може да се влијае на зголемување на свеста на младите во Општина Струмица за критичко размислување, преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност, препознавање лажна вест, особено во време на КОВИД-19 пандемијата.

Со спроведувањето на програмските активности, „Медија Флеш“ ќе ги зајакне капацитети на младите и на дел од граѓанските организации во однос на креирањето содржини базирани на основните новинарски постулати, ќе ја зајакне аргументираноста и компетентноста против лажните вести за време на пандемијата, но од друга страна ќе придонесе да се создаде критична младинска маса, која знае да резонира, распознава, ги елиминира лажните вести и го спречува нивното ширење.

Работилницата се одржа со доследно почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Share via
Copy link