fbpx

Се интензивира доградбата на градинката во Градскиот парк

 Се интензивира доградбата на градинката во Градскиот парк

Со подобрувањето на временските услови се интензивира доградбата на „Клон 2“ на градинката „Детска радост“ во Големиот градски парк, објави денес градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Освен за доградбата, обезбедени се и средства за опремување на просториите со што ќе се создадат соодветни услови за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Оваа доградба е со капацитет за згрижување на нови 55 дечиња.

Share via
Copy link