fbpx

„ЧИТАЈ МЕЃУ РЕДОВИ И БИДИ МЕДИУМСКИ ПИСМЕН“-успешно се реализира проектот на „Медија Флеш“

 „ЧИТАЈ МЕЃУ РЕДОВИ И БИДИ МЕДИУМСКИ ПИСМЕН“-успешно се реализира проектот на „Медија Флеш“

Медиумската писменост не е едноставно користење на медиумите и познавање на фактите и статистичките податоци за нив, туку поставување на вистинските прашања за она што се гледа, се слуша или чита.

Дезинформациите, пропагандата и лажните вести се проблем на светско ниво. Тие
имаат потенцијал да го поделат јавното мислење, да поттикнат насилен екстремизам
и говор на омраза, а со самото тоа да влијаат врз демократските процеси и да ја
намалат довербата на јавноста за одредени теми од нејзин интерес.

Деновиве е отпечатен промотивен леток и останатите промотивни содржини, а во текот на идната недела „Медија Флеш“ ќе организира работилница со млади, на која со присуство на експерт тие ќе се запознаат со медиумската писменост и проектот кој е во тек на реализација.

Проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“ е финансиран и поддржан од страна на Општина Струмица.

Овој проект има за цел зголемување на свеста на младите во општина Струмица за критичко размислување  преку мотивација за креирање на  сопствен став и одговорно изјаснување во јавноста, со користење на  аргументи  и компетентност, препознавање лажна вест, особено во време на КОВИД-19 пандемијата.

Со спроведувањето на програмските активности, „Медија Флеш“ ќе ги зајакне капацитети на младите и на дел од граѓанските организации во однос на креирањето содржини базирани на основните новинарски постулати, ќе ја зајакне аргументираноста и компетентноста против лажните вести за време на пандемијата, но од друга страна ќе придонесе да се создаде критична младинска маса, која знае да резонира, распознава, ги елиминира лажните вести и го спречува нивното ширење.

Во продолжение ја пренесуваме содржината на промотивниот леток.

Медиумската содржина може да се анализира од следниве аспекти:

-Дали насловот кореспондира со текстот или со останатиот дел од содржината?

-Дали содржината е разбирлива?

-Кој е авторот?

-За што, всушност, станува збор?

-Кои се цитираните извори во текстот?

-Дали има одговор на сите новинарски прашања – КОЈ, ШТО, КАДЕ, КОГА, ЗОШТО и КАКО?

-Дали може да се утврди веродостојноста на текстот?

-Местото и времето на случувањето?

-Кому оваа содржина може да му нанесе штета или да му биде корисна?

-Има ли важни аспекти што се запоставени?

Зошто е важно да си медиумски писмен?

Ти овозможува да препознаеш кои информации имаат кредибилитет, а кои не.

-Те охрабрува критички да размислуваш, а тоа, пак, ти овозможува да размислуваш за пошироката слика и да ги согледаш работите кои се пропуштени, зошто се опфатени одреден вид информации, што се крие зад идеите.

-Ти овозможува да препознаеш како медиумите влијаат врз општеството и културата.

-Ти помага да направиш разлика меѓу новинарски,  рекламни и промотивни содржини.

-Ти овозможува да ги препознавааш техниките на убедување.

-Те поттикнува активно да учествуваш во прашањата и дебатите од јавен интерес.

-Ќе бидеш добро информиран и ќе можеш самиот да креираш објективни и точни информации.

Share via
Copy link