„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст Струмица ја одбележува Неделата на солидарност
Организацијата на Црвен крст Струмица традиционално ја одбележува Неделата на солидарноста од 19 до 25 Април. Оваа година акцијата ќе се одвива под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.
Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население.
Со оглед на актуелната состојба со Ковид19, ги повикуваме граѓаните и правните лица да помогнат исклучиво со донирање на парични средства заради безбедноста на сите нас.
Паричните средства може да се донираат :
-Со повик на мобилните телефонски броеви – донација од =100 денари: 070/075/077-143-400
-Со уплата на средства на сметката на фондот на солидарноста на Црвен крст на РСМ 300 0000013279 66 Депонент Комерцијална банка, ДБ4030984271620
-Електронска уплата на средства на интернет страницата на Црвен крст на РСМ
Средствата се наменети за набавка на пакети со храна за помош на ранливо население во заедницата.
Со секоја донација овозможувате да се помогне на што поголем број на семејства на кои таа помош им е неопходна.