fbpx

ЦУК:синоќа избувнал пожар во Дом за стари лица во село Банско

 ЦУК:синоќа избувнал пожар во Дом за стари лица во село Банско

Синоќа околу 23:30 часот избувнал пожар пожар во Дом за стари лица во село Банско, инфомрираше Центарот за управубвање со кризи (ЦУК).

Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 против пожарни возила. Нема повредени лица, пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот.

Прво биле евакуирани лица од спратот каде што бил пожарот, потоа од долните спратови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани.

Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

Share via
Copy link