fbpx

Во Струмица одбележана 121 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

 Во Струмица одбележана 121 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Денес пред споменикот на Гоце Делчев во нашиот град, во организација на Општина Струмица, беше одбележана 121-годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Пригоден говор за животот и делото на Делчев одржа градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото истакна:

„Загина Гоце. Го убија Делчев. Остана жална Македонија без апостолот на македонското револуционерно движење. Оваа вест, како гром од ведро небо, се разнесе низ сите македонски краишта, до секој Македонец возљубен во својата родна грутка. Македонската земја ја наквасија солзите на нејзините чеда. Така беше на денешен ден пред 121 година. Македонија и македонските граѓани не паметат потраорен ден, од тој судбоносен 4 мај 1903 година, Воопшто не е мал списокот од револуционерни имиња и презимиња кои ја задолжиле татковината со своето дело, но се чини дека името на Гоце Делчев го заслужи самиот врв“.

Градоначалникот Костадинов и претставници на Советот на општина Струмица, како и претставници на институции и политички партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на Делчев, а членови од рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ кажуваа стихови инспирирани од животот и делото на најголемиот македонски син.

Share via
Copy link