Демант од Славе Андонов дека учествувал во физичка пресметка
Интегрален текст од прес конференција на Славе Андонов, кандидат за градоначачник на Василево од ВМРО ДПМНЕ
Почитувани сограѓани
Вчера јавноста беше сведок, беше објавено видео на кое се гледа дека висок функциоенр на СДСМ се заканува на граѓанин од Висока Маала – Василево.
Заканата се однесува конкретно на социјалната помош.
Имено откако граѓаните одбиват да гласат за СДСМ следува закана од Јована Тренческа да не барат повеќе социјална помош.
Основното прашање овде е по кој клуч се дели социјалната помош во Василево.
Односно дали и колку гласови се во замена за доделена социјална помош.
Особено откако СДСМ го доведе народот во Општината во незавидна економска положба.
Оваа изјава покрај СВР Струмица треба да биде предмет на разгледување и од другите надлежни органи и институции кои со овој прес ги повикуваме да се изјаснат.
Инаку како што веќе е јасно дури и таму каде што се заканува СДСМ наидува на затворена врата.
На оваа прес конференција ги демантирам наводите дека сум учествувал во физичка пресметка.
Всушност вчера бев нападнат од носителот на листата на СДСМ за Василево.
Имено случајот е уредно пријавен во СВР Струмица.
Невистините што ги пласира СДСМ се израз на нејзината немоќ и затоа ги повикуваме медиумите и јавноста да ги следат внимателно настаните и да ги објавуват коректно.
Граѓаните ги повикуваме да ја одбранат демократијата во недела на 31 октомври кога на ова беснеење ќе му се стави крај.
СДСМ треба да знае Во првиот круг победивме во Вториот победата ќе биде уште поголема.