fbpx

Денеска и утре сите патишта водат кон Струмица

 Денеска и утре сите патишта водат кон Струмица

Денеска и утре сите патишта водат кон Струмица градот кој го празнува денот на своите Петнаесет свештеномаченици, кои своите животи ги дадоа за верата Христова, за Христос Небесниот Цар одбивајќи да му се поклонат на императорот Византиски Јулијан и неговата царска заповед да се одречат од Христос и да им принесат жртви на многубожечките богови кои се почитувале уште од Римската Империја.

Да бидеме горди и да се огледаме на нивната вера,трпение и храброст животот свој да го дадат за Вистинската Светлина за Вечниот Живот исповедајќи го Христос.

Вечерва со почеток од 16 часот ќе имаме вечерна богослужба, а утре наутро од 8 часот Света божествена литургија, на која ќе богослужат повеќе архиереи.

Инаку, во рамки на црквата се наоѓа и ГАЛЕРИЈАТА НА ИКОНИ во која се наоѓаат икони и црковни садови од 15 па се до почетокот на 20 век. ТУКА СЕ НАОЃА И НАЈСТАРАТА ИКОНА ОД СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ КОЈА ПОТЕКНУВА ОД 19 ВЕК, инаку галеријата ќе биде отворена па ПОВЕЛЕТЕ ПОСЕТЕТЕ ГО НАШИОТ ГРАД И ЗАЕДНО ДА ИМ ОДДАДЕМЕ ПОЧИТ НА СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ СТРУМИЧКИ -ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ ЗА МНОГУ ГОДИНИ !

Ванчо Тркалевски, Водич во Галерија на икони Св Петнаесет Струмички-Тивериополски свештеномаченици

Share via
Copy link